Авокадо и печени пиперки – здраво, а ги топи килограмите

Авокадото содржи многу хранливи состојки како и протеини кои помагаат во обновата на мускулите и го забрзуваат слабеењето. Пиперките се богати со витамин Ц, А и Е, но и провитаминот бета каротен, кои ни се потребни за зајакнување на имунитетот.




Можеби ќе се изненадите од оваа комбинација, но бидете сигурни дека таа е вкусна, а се подготвува неверојатно брзо и лесно:




Потребни состојки:
1 зрело авокадо
3 големи црвени пиперки
6 лажички маслиново масло




3 чешниња лук
½ лажичка сол
Начин на подготовка:
1. Измијте ги пиперките, избришете ги, па намачкајте ги со 3 лажички маслиново масло. Ставете ги во плех врз хартија за печење и печете ги на 180 °C околу 1 час.




2. Кога пиперките ќе се испечат, префрлете ги во сад и поклопете ги. Оставете ги да се оладат, а потоа излупете ги.
3. Во блендер ставете ги пиперките заедно со излупеното авокадо, останатиот дел од маслиновото масло и солта. Послужете со омилениот леб.