Ако постојано ве мачат гасови и киселини во стомакот, подгответе напиток од 3 намирници за 5 минути

После третиот ден по консумирање на овој напиток, ќе ви биде многу подобро, симптомите на гастритис ќе исчезнат и воспалението ќе се намали. Нема повеќе да чувствувате мака после оброкот, ниту ќе подждигнувате, нема да имате никакви гасови и појава на јаки киселини. Едноставно вашиот желудник ќе биде препороден.

Не ви се потребни специјални прашоци или скапи лекови од аптеките, овој народен лек е доволно ефикасен и помага во борбата против гастритисот на лесен и природен начин. Лекот е наменет и за оние кои имаат чести уринарни инфекции, проблеми со варење на храната и тврда столица. Интересно е тоа што ја намалува болката во зглобовите, па овој лек е идеален и за оние кои патат од артритис.

Сувата брусница потребно е да ја консумирате секојдневно бидејќи изобилува со многу витамини како Ц, Е, А и К. Може да ја комбинирате во различни оброци како овесна каша, салата или во смути. Сувата брусница содржи и витамин Б5 и Б6 и минерали како калциум, калиум и магнезиум. Нејзините придобивки се ефективни доколку ја консумирате секојдневно, но најдобро се апсорбираат сите нејзини витамини во комбинација со 3 состојки.

Сувата брусница е вистинскиот борец против гастритисот, успешно се справува во лекување на Хеликобактер пилори која има способност да опстане и во најкиселата средина. Сувата брусница докажано е дека ја уништува оваа бактерија во целост. Уште една придобивка на сувата брусница е тоа што штити и од уринарни инфекции.

Доколку секојдневно пиете чај од брусница, уринарните инфекции ќе се излечат за многу кратко време. Но, најголема придобивка има во сокот од брусница кој ја уништува бактеријата Ешерихија коли. Повеќе за сокот од брусница прочитајте ОВДЕ.

Брусницата го зајакнува имуниот систем и прави цврста бариера против вирусите. Исто така, офталмолозите препорачуваат секојдневно консумирање на брусницата бидејќи го зачувува здравјето на очите. Доволно е да изедете една дланка брусница на ден, а болките во коските и зглобовите ќе ги снема за краток период. Затоа се препорачува да ја јадат оние кои патат од остеопороза, реума и гихт.

Големите придобивки на сувата брусница вклучува и заштита на забите од појава на кариес, го штити кардиоваскуларниот систем и има позитивно влијание врз целокупното човеково здравје. Благодарение на антиоксидантите кои ги поседува, се бори против слободните радикали, така што е одлична за некои хронични состојби. Исто така помага во лекување на некои облици на рак.

Важно е да користите сува брусница од познат производител. Најдобро е да ги одгледувате дома, но доколку не сте одгледувале може да ги купите во продавница за здрава храна.

Потребни состојки: 2 супени лажици сува брусница, 1 лажичка мед, 250 мл ладна вода.

Постапка: Во длабок сад ставете ги сувите брусници и прелијте ги со 250 мл вода. Садот ставете го на рингла и оставете водата да зоврие, а потоа гответе уште 3 – 5 минути. Извадете го садот од рингла и поклопете го со капак неколку минути. По изминатото време, течноста процедете ја во чаша.

После 15 минути во течноста додадете полна лажичка мед. Чајот пијте го додека е сè уште топол, бидејќи тогаш придобивките се најголеми. Чајот се пие 7 дена без прекин, двапати на ден, наутро и навечер.

Ова е само првиот дел од рецептот. Не ги фрлајте сувите брусници кои претходно ги варевте. Потребно е да ги изеде веднаш откога ќе го испиете чајот. Тие ќе ви помогнат да ја регулирате работата на цревата, придобивките ќе ги почувствувате после третиот ден од терапијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *