Ајде да подготвиме домашен омекнувач

Laundry basket on the background of the washing machine.; Shutterstock ID 375472924; PO: today.com

Вообичаените омекнувачи за ткаенини купени во продавница содржат бројни штетни состојки кои се апсорбираат преку кожата и се вдишуваат. Ако ги користиме при секое миење со години, тие се таложат во нашиот организам и сериозно му наштетуваат на нашето здравје. Препаратите со добар мирис содржат токсични хемикалии кои можат да предизвикаат иритација или алергиска реакција кај почувствителните луѓе, а се штетни и за околината.

Затоа се повеќе размислуваме за безбедни алтернативи, со кои алиштата ни се меки и убаво мирисаат без да ни штетат.
Ќе ви претставиме лесен рецепт за домашен омекнувач кој е апсолутно безбеден за употреба.

Во соодветен сад измешајте 1/2 литар вода со 1 лажичка оцет и 250 грама сода бикарбона. Додадете 5 капки есенцијално масло по ваш избор (лаванда, здравец, иланг-иланг, бергамот, грејпфрут или кое било друго што ви се допаѓа како мирис). Добро промешајте, истурете ја смесата во чисто стаклено шише и затворете го капачето.

Пред да ја вклучите машината за перење, додадете околу 60 ml. од готовиот природен омекнувач во преградата предвидена за намената. Тоа ќе ја направи вашата облека исклучително мека и пријатна на допир.

Чувајте го омекнувачот цврсто затворен на ладно и темно место.

Leave a Reply

Your email address will not be published.