Балансиран појадок за носење готов за неколку секунди

Потребни состојки:




4 лажици мешавина од овесни, јачменови, ‘ржани и пченични снегулки
1 лажица чиа семе
200 ml Баланс+ јогурт
1 мала праска
јагоди и неколку боровинки
неколку бадеми
Начин на подготовка:




Снегулките, чиа семето и јогуртот измешајте ги заедно вечерта пред да одите на спиење. Така преку текот на ноќта тие ќе можат да ја впијат влагата и следниот ден за брзо ќе бидат спремни за консумирање.




Следното утро ставете ја во блендер мешавината од снегулки, чиа и јогурт, додадете ги јагодите, праската, и бадемите и блендирајте.Ќе добиете густ, вкусен и балансиран овошен јогурт кој е одличен за старт на денот.




Спакувајте го вака подготвениот оброк во тегличка за носење и уживајте во балансираниот појадок на работното месо или каде и да одите.
Од нутритивен аспект овој појадок содржи:




445 g калории
65 g јаглехидрати
13.8 g масти
20 g протеини
16.5 g растителни влакна.
На здравје!