Бананите поцрнеле? Не фрлајте ги – направете го овој превкусен колач

Бананите се една од најкорисните намирници затоа што можат да се употребат за многубројни десерти, а од нив може да направите и брз колач за кој не ви треба некаква посебна кулинарска способност.

Потребни состојки:
– 450 грама излупени банани ;
– 3 јајца;
– 300 грама чоколадо за готвење;
– ванилин шеќер;
– 200 грама меко брашно.
Подготовка:

Излупените банани згмечете ги со вилушка. Додадете ги јајцата, а потоа изматете ја смесата со миксер додека сето тоа не се соедини убаво. Чоколадото растопете го на пареа или пак во микробранова печка, оставете малку да се излади, а потоа додадете го во смесата со бананите и промешајте со миксер.

Додадете го ванилиниот шеќер и брашното, па повторно добро измешајте ја смесата со миксер. Смесата ставете ја во сад за печење кој што претходно сте го обложиле со хартија за печење. Израмнете ја убаво смесата и печете околу половина час во загреана рерна на 180 степени.

Откако ќе го извадите колачот од рерна, оставете да се излади, а потоа сервирајте – најдобро е со малку шлаг пена или пак топка сладолед по ваш вкус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *