Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседува

Покрај чевлите и чантите, неизбежен дел од стилот на една жена која држи до себе е секако, накитот. Добриот и квалитетен (а притоа и безобразно скап) накит е еднакво привлечен како за жените, така и за мажите. Ако порано служел за заведување и за истакнување на општествениот статус, денес е задолжителен аксесоар, со којшто и во обична, неупадлива комбинација, може да направи да изгледате како милион долари. Еве ги четирите „must have“ парчиња:

Бисерни обетки
Иако секогаш биле меѓу првите три места, сепак најголемата популарност ја доживуваат поради модната икона Одри Хепберн. Позитивната страна на бисерите е што секогаш изгледаат добро – без разлика дали ги носите во комбинација со фармерки и обична маичка или на елегантен коктел-фустан, со нив, секогаш оддавате доза на софистицираност.Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседува

2. Златни белегзии
Не само што се забавни за носење, туку и го даваат оној светкав ефект што може да ја освежи целата ваша комбинација. Може да се одлучите за ориентален изглед (повеќе од една) или пак да преовладува едно солидно парче – добрата стара класика. Не мора дури ни да се од вистинско злато – и добра бижутерија би постигнала одличен ефект.Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседува

3. Срце-привезок
Неговата двојна намена е неодолива – покрај тоа што изгледа одлично без разлика дали е приврзан на ланче или пак на белегзија, во него може да си чувате фотографија од вашите најмили, за и кога сте далеку еден од друг, секогаш да ви бидат блиску до срцето.Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседува

4. Дијамантски прстен
Светкав, бистар, со перфектен засек, дијамантот бил и ќе остане најдобриот пријател на жената. Комбинации има безброј и сите се неодоливи. Тука важи правилото колку поголем, толку подобар, но да бидеме реални, најпосакуван е сепак, вереничкиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *