БЛАГИ МАФИНИ ОД ЛИСНАТО ТЕСТО (ВИДЕО)

Вкусни слатки мафини со цимет и лиснато тесто.
Неверојатно едноставна подготовка, а вкусот ќе ве освои засекогаш.

Состојки:

500 гр лиснато тесто
125 гр маргарин или путер (омекнат)
1 јајце
по желба шеќер, цимет, џем, крем…

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Преполовете го лиснатото тесто и развлечете го со сукало. Премачкајте го тестото со омекнат путер и полека свиткајте. Пресечете ја ролната на две половини по средината.
Свиткајте ја секоја половина во полжавче со големина на калапите и редете ги во плех за мафини. Разматете јајце и премачкајте.
Печете во рерна додека не добијат златна боја. Украсете по желба и послужете.

Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог :

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *