Бомбици со овошје и јаткасти плодови

Потребни состојки:
50 гр. лешници
50 гр. ореви
50 гр. сечкани урми
50 гр. сечкани суви кајсии

50 гр. кокосово брашно
1 лажица мед
2 лажици путер од кикирики
1 лажица растопено кокосово масло

Начин на подготовка:

Ставете ги јаткастите плодови во кујнски сечко и фино сомелете ги. Потоа во сечкото додадете ги сечканите кајсии и урми, кокосовото масло, путерот од кикирики и половина од кокосовото брашно.

Сечкајте со пулсирање додека добиете хомогена смеса. На крајот додадете го медот и повторно кратко вклучете го сечкото, за медот да се распореди низ смесата.

Од готовата смеса за бомбици направете 14 топчиња и секое топче извалкајте го во преостанатото кокосово брашно. Оставете ги бомбиците да стојат најмалку 1 час за да се соединат сите вкусови, а потоа складирајте ги во вакумска кутија и ставете ги во ладилник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *