Бракот се завршува кога жената ќе го изгуби трпението

Жените можат многу работи да толерираат, можат да се прилагодат на секоја ситуација и во состојба се секогаш да најдат решение за секој проблем за семејство да функционира. Сепак, кога еднаш ќе нема трпение и кога ќе одлучи дека и’ е доста, ништо нема да може да ја натера да го смени своето мислење и својата одлука.




Жената сака да му припаѓа само на еден маж, но исто така сака да им удоволи и на другите околу себе. Таа ќе се грижи за својот маж до крајот на животот, но тоа го очекува и од него. Ако сакате да имате вистинска жена покрај себе мора да бидете вистински маж за неа. Мажот кој ја сака својата жена никогаш нема да ја напушти. Но, жената може да го напушти мажот дури и тогаш кога не може да дише без него.




Ќе замине дури и ако го сака, ако го почувствува неговиот презир и рамнодушност. Можеби нема веднаш да замине, но со тек на време, кога ќе сфати дека тој кон неа се однесува онака како што таа не заслужува, таа едноставно ќе се сврти и ќе замине. Може многу да трпи, но непочитување нема да толерира.




На жената и’ треба маж кој ќе ја сака, кој ќе ја заштити и покрај која ќе се чувствува сигурно. Потребен и’ е некој кој ќе се грижи за неа и кој ќе и’ даде љубов и внимание која и’ е потребна. Покрај таков маж, жената ќе расте и ќе стане своја најдобра верзија. Покрај таков маж таа ќе стане жена која секој маж ќе посака да ја има покрај себе и таа својот маж ќе го направи најсреќен.




Но, кога трпението ќе го снема, таа ќе се спакува и ќе замине. Бидејќи ако еден маж не е подготвен да ја сака жената како што таа заслужува, постојат толку мажи кои ќе ја сакаат и кои сакаат да ја имаат покрај себе.