Брза пита со компири готова за половина час!

СОСТОЈКИ:
500 гр кори за пита
1 кг компир
2 кесички мелен црн пипер




4 лажички сув зачин
2 дл минерална вода
1 дл масло




НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:




Компирите излупете ги и изрендајте ги, потоа додајте бибер и сув зачин и измешајте.
Во намастена тепсија ставете 2 споени кори, а на нив зачинет рендан компир, па повторно две кори премачкани со мешавина од минерална вода и масло (2 дл вода измешајте со 1 дл масло).




Откако ќе ги премачкате на нив ставете зачинет рендан компир и преку него следни две кори, и повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот. Со остатокот од водата и маслото премачкајте ги последните кори.
Печете на 200 степени 25-30 минути.




Пет минути пред да завршите со печењето извадете ја питата, премачкајте ја со путер/маргарин. Доволна ви е една лажица за премачкување.