Брза чоколадна торта готова за 20 минути

Ова е рецепт кој ќе Ви заштеди многу време, а ефектот на уживањето во неверојатно благиот вкус на оваа брза чоколадна торта ќе Ве остави без здив. Пробајте и уживајте…




Состојки:
40g какао во прав
100g брашно




Малку сол
Прашок за печиво
30g шеќер
7 мали лажички масло




90мл млеко
1 лажица екстракт од ванила
Подготовка:




Помешајте ги сувите состојки. Потоа додајте ги течностите и добро промешајте. Смесата ставете ја во калап за торта, а ако сакате поголема количина зголемете ја количината на состојките пропорционално.
Печете на 180 степени околу 20 минути.




Доколку сакате да ја декорирате тортата, направете чоколадна глазура или изрендајте еурокрем чоколада. Може и да ја премачкате со вкусен мармалад или слатко по вкус и да прелиете со чоколадна глазура. Ќе се изненадите од вкусот!