Брз доручек со тортиљи

Состојки
4 тортиљи
2 јајца
рендан кашкавал

печурки
кечап
сол, бибер
1 лажица путер (за премачкување)

Многу брз и лесен доручек

1. Тавата за пржење ја намрсуваме убаво со путер.
3. Јајцата ги кршиме во подлабок сад, додаваме сол и бибер по вкус и мешаме убаво со вилушка.

4. Во намрсената тава додаваме половина од јајцата, па ставаме една тортиља. Врз тортиљата ставаме фил по желба. Јас ставив рендан кашкавал, маринирани печурки, кечап. Може да се додаде и сувомеснато, домати, маслинки. Потоа ставаме уште една тортиља, па фил, завршуваме со тортиља. Го истураме остатокот од јајцата вез 4-тата тортиља и премачкуваме убаво целата да е премачкана со јајце.
5. Ја затвораме тавата со капак и готвиме на загреана рингла (на средна јачина) 5 минути од едната страна, превртуваме и готвиме уште 5 минути од другата страна.
На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published.