Брз ручек кој мора да го пробате: Пилешко со зеленчук и пармезан ЌЕ БИДЕТЕ ИЗНЕНАДЕНИ ОД ВКУСОТ

Предлог за ручек што се подготвува брзо, за љубителите на пилешко и зеленчук.




Потребни состојки:
-пилешко месо
-брокула




-помал карфиол
-4 моркови
-праз




-4 чешни лук
-2 лажички куркума
-сол, бибер




Начин на подготовка:
Испржете го белото пилешко месо исечено на коцки. Кога ќе биде готово, оставете го од страна поклопено со капак.
Исечете ги карфиолот и брокулата на цветови, празот и морковот на кругови, а лукот иситнете го или изгмечете, по желба.
Првин испржете го празот, па додадете го зеленчукот и варете додека не омекне, но не премногу. Лукот додадете го при крај.




Кога ќе омекне зеленчукот, додадете го на прженото месо, а потоа по потреба ставете и малку вода, сол, бибер и куркума. Варете уште малку заедно, а потоа тргнете настрана. Сервирајте го ручекот додека е топол, наросен со пармезан.