Веге-пита со тиква

Состојки:
250 гр брашно за колачи
200 гр путер
3 гр сол
55 мл ладна вода




Тестото се прави на тој начин што најпрво во голем сад се меша брашното, солта и путерот. Потоа сето тоа оставете го да се олади во фрижидер, а потоа се додава водата, се меша и се прави посакуваната форма во која сакаме да ни биде питата.




Фил




600 гр пире од тиква
2 јајца
1 лажица шлаг
200 гр шеќер
2 лажици пченкарно брашно
1 лажичка сол
1и пол лажичка цимет
1и пол лажичка ѓумбир
1 лажичка екстракт од ванила
¼ лажичка морско оревче
3 шољи кондензирано млеко




Изматете ги сите состојки за филот и сипете го филот врз тестото. ставете ја питата да се пече на 250°C околу 15 минути, а за тоа време од остатоците од тестото можете да направите украсни форми и да ги наредите врз филот. потоа намалете ја температурата на 200°C и печете ја питата уште половина час, или додека филот не се стврдне.