Веднаш ќе сакате да ка направите – Баклава со јаболка и ореви

Шербет
600 гр шеќер
500 мл вода
премаз за кори
100 гр маргарин
100 мл масло

Фил
1.500 гр јаболка (8 јаболка) + 200 гр шеќер
100 гр кокос
100 гр мелени ораси
500 гр кори

Оригиналното име му е јабуковача или по наше баклава со јаболка.

Подготовка:
1. Најпрво се прави шербетот. Се вари 10мин откако ќе зоврие. Се цеди половина лимон и се лади.
2. Во мал сад се топи маргаринот и маслото .Ова е за премачкување на корите.

3. Настрана се рендаат јаболката и се пржат со 200 гр шеќер. Потоа се додаваат орасите и кокосот.
4. Се зема првата кора се попрскува со премазот со лажица. Врз неа се реди втората кора, пак се попрскува со премазот од масло и маргарин. Се става третата кора и овде се реди по 3 лажици од филот. Се витка ролат. Се става во плех од рерна се сечат ролатите. Се премачкува со преостанатиот премаз и се печи на 180С-30мин.

5. Жешките ролати се прелеваат со ладен шербет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *