Вистинска „машка храна“ – ненормално го зголемува либидото и ја штити простатата, но и…

Тиквичките припаѓаат на видот Cucurbitaceae, а во ботаничка смисла се сметаат за овошје. Но, во кујните ширум светот, како и во Македонија, се подготвуваат како и останатиот зеленчук.




Се одликуваат со долгнавеста форма и зелената кожа, што ги прави многу слични на краставиците. Нивниот плод е богат со хранливи материи, па затоа треба почесто да се вклучуваат во менито.




1. Го стимулираат варењето
Тиквичките се добар извор на диетални влакна, поради што овој летен зеленчук им се препорачува на луѓето кои страдаат од запек. Не само што го заситува и стимулира варењето, туку и ги чисти цревата од токсини.




2. Помагаат при слабеење
Тиквичките се диетална храна бидејќи повеќе од 90 отсто од плодот е вода. Затоа, не е чудно што во сто грама има само 16 калории. Најдобро е лесно да ги испржите во некоја здрава маснотија со друг летен зеленчук.
3. Го намалуваат крвниот притисок
Тиквичките се одличен извор на витамините Б и Ц и калиум, кој ја регулира работата на срцето, го намалува крвниот притисок и спречува разни болести на протокот на крв. Запомнете дека повеќето хранливи материи се во кожата, затоа не го лупете плодот за време на подготовката.




4. Го забрзува заздравувањето на раните
Овој летен зеленчук има и значителни количини на манган, кој е клучен за производството на аминокиселината пролин. Пролинот го стимулира создавањето на колаген во кожата и ја прави поздрава, но и го забрзува процесот на зараснување на раните на овој најголем човечки орган.




5. Чувар на простатата
Тиквичките може да се наречат и вистинска машка храна. Манганот во тиквичката благотворно делува на зголемување на либидото, додека фитонутриентите ги намалуваат симптомите на зголемена простата, што на мажите им го отежнува мокрењето, а понекогаш и сексот.