Витаминска бомба од зимница: Царска салата која ќе биде ваша кралица зимава

Постојат повеќе видови зимски салати, е една од најпопуларните е царската. Таа ќе ве освои со своите бои и вкус.

Рецептот за царска салата е единствен поради начините на подготовка, но и со леснотија се прави, поради тоа оваа витаминска бомба ќе стане вашиот главен адут во текот на зимата.

Состојки:
– 2 килограми пиперки;
– 2 килограми моркови;
– 2 килограми карфиол;
– 2 килограми краставички;

– 1 китка магдонос;
– 200 грама шеќер;
– 240 грама сол;
– 2 чашки вински оцет;
– 1 ќесичка конзерванс;
– Бибер и лук по вкус.

Подготовка:
Сиот зеленчук измијте го, исчистете го и исечкајте го ситно. Така подготвениот зеленчук измешајте го во поголем сад. Важно е оцетот, солта, шеќерот и ќесичките зачини да ги измешате посебно, па потоа да го прелиете над зеленчукот.

Така добиената смеса оставете ја да отстои околу половина час и повремено мешајте за да омекне. Потоа ставете го зеленчукот во тегли и добро затворете го, а пред тоа во него додадете зрна бибер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *