Вкочанетост на рацете за време на спиењето ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ И ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВА

Ако ноќе се будите со вкочанети стапала или раце, веројатно имате проблеми со циркулацијата на крвта. Другата опција за таква непријатност е стегнат нерв поради непријатна положба што сте ја зазеле.




Ако проблемот е притиснат нерв, се што треба да направите е да ја промените положбата на телото. На овој начин по неколку минути ќе помине вкочанетоста во екстремитетите и ќе заспиете.




Меѓутоа, ако проблемот не се реши на овој начин, проверете дали имате проблеми со циркулацијата. За да бидете убедени дека вашите вкочанети нозе или раце се поради проблеми со циркулацијата на крвта, треба да проверите дали имате некој од следниве симптоми:
– Отечени нозе




– Ладни екстремитети
– Кршливи нокти




– Грчеви на нозете доколку долго стоите во која било положба
– Бавно зараснување на раните




– Формирање на тромби.