Вкусен Самбал сос подготвен на традиционален начин

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
200 гр. свежи чили пиперчиња
200 гр. домати
1 мала главица ситно сечкан црвен кромид
1 главица лук

1 лажичка рендан ѓумбир
1 лажичка кафеав шеќер
сок од 1 лимета
маслиново масло по потреба
крупна сол

ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ
Ситно исечкајте ги пиперчињата и ставете ги во толчник. Во толчникот додадете ги и излупените чешниња лук, кромидот, ѓумбирот, шеќерот и прстофат сол.
Фино истолчете ги состојките за да добиете паста па потоа во толчникот ставете го доматот кој претходно сте го излупиле и исечкале на коцки. Продолжете со толчење за да се соединат состојките. На крајот додадете го сокот од лимета и маслиново масло по вкус. Промешајте и по потреба додадете уште сол.

За подготовка на самбал на автентичен и традиционален начин се користи толчник, но истиот можете да го подготвите брзо и едноставно со помош на кујснки сечко.
Ставете ги лукот и кромидот во сечкото и со кратки пулсирања ситно исечкајте ги. Потоа додадете ги пиперчињата, ѓумбирот и шеќерот и повторно пулсирајте. На крајот ставете ги доматите, зачинете со сол и пулсирајте додека се соединат состојките.

Добиениот сос прелијте го со сок од лимета и додадете маслиново масло по вкус. Промешајте и послужете. Овој индонезиски чили сос (паста) можете да го користите како лут додаток за секое јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *