Вкусни колачиња со кафе и чоколадо

Подготвивте вкусен десерт денес? Доколку ви треба идеја, овие колачиња со кафе и чоколадо мора да ги пробате. Тие се одличен начин да ја задоволите вашата потреба за кофеин и чоколадо истовремено.

100 г гранулиран шеќер
100 г кафеав шеќер
115 г путер или маргарин (мек, чуван на собна температура)
1 јајце
150 г брашно

1 супена лажица инстант кафе (неподготвено)
1 кафена лажица сода бикарбона
¼ кафена лажичка сол
60 г сечкани ореви
3 полуслатки чоколади сечкани на парчиња
За преливот од кафе:

½ кафена лажичка инстант кафе (неподготвено)
1 супена лажица вода
65 г шеќер во прав
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180˚C. Во голем сад додадете го шеќерот во гранули, кафеавиот шеќер, путерот и јајцето. Изматете добро со миксер на средна брзина или мешајте со лажица додека смесата не стане кремаста. Потоа додадете брашно, кафе, сода бикарбона и сол. Добро измешајте, па додадете ги и сечканите ореви и ситните парчиња чоколадо.
Смесата ставете ја во шприц за готвење со поширок отвор и на хартија за готвење шприцајте по малку од смесата, само внимавајте да бидат оддалечени околу 4 центиметри за да не се спојат колачињата во текот на печењето.

Печете 12-15 минути, додека не станат бронзени. Почекајте 4 минути, па преместете ги во сад погоден за ладење. Оставете целосно да се изладат околу 30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *