Вкусни кремасти шпагети со чили и свежи печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
250 гр. шпагети
250 гр. свежи печурки по желба
4 чешниња лук

1 суво чили пиперче
100 мл. маслиново масло
пармезан
сол
бибер

ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ
Ставете ги шпагетите да се варат според упатството на пакувањето, а за тоа време припремете ги останатите состојки.

Печурките исечете ги на тенки кришки. Излупете ги чешнињата лук и ситно исечкајте ги или поминете ги низ преса за лук. Количината на лук зголемете ја или намалете ја по вкус.
Во тава на оган на висока температура ставете го маслото да се загрее па на него пржете ги печурките со непрекинато мешање додека ја испуштат целата течност и заруменат, па посолете и побиберете по вкус.

Потоа во тавата додадете го лукот и ситно сечкано чили пиперче. Промешајте и кратко пропржете.
Сварените шпагети исцедете ги и ставете ги во тавата со печурките. Зачинете со сол и бибер и добро промешајте. Послужете со свежо рендан пармезан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *