Вкусни мафини со боровинка кои лесно се прават

Највкусните мафини полнети со боровикна кои не само што лесно се прават но и се и многу вкусни.

Потребни состојки:
1 1/2 чаши брашно
3/4 чаша кафеав шеќер
1/2 лажичка сол
1 пециво
1 лажичка екстракт од ванила

1/3 чаша растопен путер
2 јајца
1/3 чаша млеко
1 чаша боровинки

Начин на подготовка:

Во еден сад ги мешаме течните состојки убаво со маталка да се добие хомогена смеса, полека ги додаваме шеќерот, брашното и пецивото и повторно мешаме. На крај ги додаваме и боровинките. Од смесата ставаме во калапи за мафини и ги печиме на температура од 200 степени околу 25-30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *