Вкусни рафаело топчиња од само 5 состојки, готови за 15 минути

Популарните бели топчиња извалкани во кокос се неизоставен дел од секоја славска трпеза.
Рафаело топчињата се десерт којшто често се наоѓа на празничната трпеза. Многу од домаќинките ги обожаваат поради тоа што лесно, но и брзо се подготвуваат.




Доколку и вие го сакате мирисот на кокос тогаш овој десерт заслужува да се најде на вашето мени, но и на масата по семејниот ручек.




Овој стар рецепт се пренесувал од генерација на генерација, а еве како да го направите.




Состојки:
500 грама шеќер;
1 децилитар вода;
250 грама путер;
500 грама млеко во прав;
250 грама кокосово брашно.




Начин на подготовка:
Во вода ставете шеќер и варете додека не згусне. Потоа додадете го путерот и млекото во прав. Сè добро измешајте, па оформете топчиња и извалкајте ги во кокосово брашно.




По желба на средина може да ставите лешник, бадем, ореви, а може да ги оставите и празни – вкусот секако дека е неодолив.