Вкусот на полнет ананас со ориз и пилешко е вистинско лудило

Фантастична и несекојдневна слатко – солена комбинација по рецепт кој ни го испраќа Матеа. Се прави многу брзо, а вкусот е одличен, така што задолжително направете го ова неодоливо јадење.




Состојки:
1 ананас
кромид
лук




пилешки стек
2 јајца
ориз
соја сос
маслиново масло




НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте голема тава и ставете малку од маслиновото масло.
Додадете кромид и лук претходно ситно исечкани. Пржете ги во тавата неколку минути.
Додајте го свежото пилешко месо и пропржете го. Откако ќе е готово направете простор во тавчето и додадете ги јајцата.




Откако ќе се испражат јајцата, иситнете ги на мали парчиња и измешајте ги со пилешкото месо во тавчето.
Додадете малку ориз и соја сос. Гответе неколку минути додека оризот да омекне.
Издлабете го ананасот како на фотографијата. Издлабениот дел што се јаде исечкајте го на парчиња и
ставете го во тавата.




Промешајте неколку пати и наполнете го ананасот со добиената смеса