Говедска супа

Потрбни состојки:
1 кг. говедско месо од гради
1 врзоп зелени зачни
1 кромид

1 кришка зелка
1 чешне лук
неклку зрна бибер
сол

Начин на подготовка

Месото се сече на коцки. Се става во тенџере на оган и се полева со 2 л. ладна вода. Кога водата ќе проврие одстранете ја создадената пена со лажица. Вадете ја се додека престане да се појавува.

Потоа во тенџерето се додаваат врзопот зелени зачини и кромидот кој е пресечен на полвина и запечен на оган да порумени. Се додаваат лукот и кришката зелка. Посолете и додадете го биберот. Варете ја супата на тивко додека месото не се свари.

Готовата супа се трга од оган да одстои неколку минути па се процедува низ цедалка. Оставете од супата во тенџерето за да не се исуши месото. Во процедената супата може да сварите секаков вид тестенина, а потоа додадете од парчињата месо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *