ГО НАРЕКУВААТ ЧУДО ОД МЕЛЕМ, А СЕ ПРИГОТВУВА ОД САМО 3 СОСТОЈКИ

Го нарекуваат ЧУДО ОД МЕЛЕМ, помага при МНОГУ ВИДОВИ БОЛКИ, а се подготвува од само 3 состојки достапни секому.
Дело е на руската медицина и се препорачува при отоци, рани, чиреви, болки во зглобовите, за разни воспаленија, извлекување гној, маститис, цисти на градите, цисти на јајниците, фибромиоми, хемороиди, кај синуси, при гнојна ангина, воспаление на крајниците.




Има разновидна примена и вреди да се има дома. Еднаш направениот мелем со чување во фрижидер стои до 10 месеци.
Еве како и од што се приготвува.
Сварете едно јајце, издвојте ја жолчката и изгмечете ја добро.




Во тенџере на ниска температура ставете 400 милилитри маслиново масло и 60 грама пчелин восок. Мешајте постепено додека восокот не се истопи, па потоа додавајте ја изгмечената жолчка малку по малку за добро да се измеша. Ако Ви се создава пена, тргајте па враќајте го тенџерето на оган. Важно е жолчката да се измеша што подобро. Потоа, процедете низ цедилка и остатокот од жолчката фрлете го, а течноста оставете ја да се олади 15-20 минути па ставете ја во тегла за да се стегне. Станува збор за апсолутно безопасен мелем за внатрешна и надворешна употреба.




Ако се користи за облоги треба мала количина да се загрее за да омекне и да може да се масира. ВНИМАВАЈТЕ да не ја претоплите, па да си направите изгореница. Само да омекне! Се нанесува на болното место, се замотува и остава да делува цела ноќ.
За лекување хемороиди се применува со детално премачкување 3 пати на ден после туширање, минимум 7-10 дена, а по потреба и повеќе.




Кај воспаление на синусите, мал дел од мелемот се растопува во лажиче, се внимава да не е претопло туку млако, се зема со пипета и накапува два пати дневно по две капки во носот, а може и надворешно да се нанесе на лицето во пределот на синусите.




За гнојна ангина и други проблеми со грлото се прават облоги на вратот.
За женски болести како што се цисти на јајниците, фибромиоми, воспаленија, се практикува употреба до 10 недели. Натопете тампон со оваа маст и употребувајте вагинално наутро и навечер. Кај цистите делува многу побрзо. Може и за 3-4 недели резултатот да биде одличен.