Грчка пита со спана: Највкусната пита што некогаш ќе ја изедете! (РЕЦЕПТ)

Состојки: 8 кори за пита, 250 гр спанаќ, 2 јајца, 2 лажици масло, 60 гр стопен путер, 100 гр рикота сирење (или кое било друго по избор), морско оревче, чешне лук, сол, бибер, жолчки за премачкување .

Подготовка: Спанаќот исчистете го и добро измијте го. Бланширајте го во врела вода пет минути, а потоа исцедете го и ситно исечкајте го. Изматете ги јајцата, издробете го сирењето и измешајте со спанаќот. Додадете сол, бибер, рендано морско оревче, издробениот лук и изматените јајца. Добро измешајте ја смесата.

Загрејте ја рерната на 180. Тавата за печење премачкајте ја со масло и обложете ја со хартија за печење, па корите распоредете ги на чиста работна површина.

Првото лесно посипете го со растопен путер и ставете го во тавата. Покријте со уште една, повторно премачкајте со маснотии и ставете малку фил. Покријте ја со нова кора, па повторно премачкајте ја со путер и така додека не го потрошите целиот фил и кора.

Последната кора премачкајте ја со изматена жолчка и печете ја околу 25 минути, додека не порумени. Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *