Денес се празнува Преподобен Георгиј Хозевит

Овој Георгиј се роди во Кипар во втората половина на четвртиот век.

Уште многу млад поминуваше долго време читајќи го Новиот завет и набргу во него се разгоре силна љубов кон монашкиот подвиг, па зедно со брат му Хераклид замина за Палестина.

Во Палестина свети Георгиј се подвизуваше во Хозевскиот манастир крај Ерусалим (место по кое го доби и името Хозевит), како и во лаврата Каламон на реката Јордан.

Се прослави како голем подвижник, молитвеник и чудотворец. Блажено се упокои во 625 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *