Десерт на денот: Баклава со мак и јогурт

Потребни состојки:

500 г тенки кори за пита
300 г мак

500 мл јогурт
1 чаша масло
1 чаша шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер

3 јајца
1 ќесичка прашок за печиво
120 мл млеко

120 мл масло
Сируп
150 мл вода

150 г шеќер
1 лимон
Начин на подготовка:
Изматете јајца, шеќер и ванилин шеќер, потоа додајте јогурт, една чаша масло, прашок за печиво и мак и измешајте.
Редете ред кори(по три), па ред од смесата и завршете со кори. Пред да ги печете исечете ги на коцки и прелијте со 120 мл млеко и 120 мл масло. Печете на 180 степени околу половина час. Сварете 150 гр шеќер и 150 мл вода и оставете на ниска температура да се довари додека се пече баклавата.
Додека сè уште е топла баклавата, прелијте ја со сирупот во кој ќе исцедите еден лимон, а потоа вратете ја на кратко во рерна да се запече.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *