Децата треба да јадат со отворена уста и со раце, тврдат научниците

Според најновите сознанија, научниците препорачуваат дека децата треба да јадат со отворена уста, пишува The Sun.

На генерации деца им се зборуваше дека јадењето со отворена уста е неуредно, бучно и непривлечно, но научници од Оксфорд тврдат дека поради јадењето со отворена уста храната има подобар вкус.

Нивното тврдење се темели дека месото, овошјето и зеленчукот содржат органски компоненти кои придонесуваат за вкусот на храната. Џвакањето со отворена уста помага повеќе од тие компоненти да допрат до задниот дел на носот, да ги активираат сензорните неврони кои го засилуваат нашето искуство за јадење.

Сè сме правеле погрешно. Џвакањето со отворена уста може да придонесе за нашето сетило за мирис, но и на целокупната перцепција. За да најдобро го чуеме крцкањето на јаболката, чипсот од компири, стапчињата морков, крекери, крцка леб и пуканки, секогаш треба да се откажеме од манирите и да џвакаме со отворена уста“, вели професорот Чарлс Спенс од Оксфорд и додава дека треба да јадеме со раце кога е можно тоа за да уживаме во сетилото за допир.

Тимот на професорот Спенс истражува што влијае на нашата перцепција за храна за да дознаеме повеќе за функциите на мозокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *