Дисциплинирање на децата кога „не“, „немој“, и „не смееш“ не функционираат

Mother having discussion with son

Кога би добиле денар за секое „не“, „немој“, „не смееш“, родителите би биле милионери. Децата како деца, ги испитуваат границите секоја секунда. Границите на нерви на возрасните, сопствените граници, но и оние општествените. Иако е интересно да се набљудува со која храброст се впуштаат во нови предизвици и ситуации, ние возрасните мораме да кажеме „не“, посебно ако детето со своето однесување и постапки се загрозува себе, другите лица или пак го уништува имотот. Поставувањето на граници и дисциплинирање за цел имаат да му покажат на детето што е прифатливо, како би го научиле да функционира во општеството и да му помогнат да помине низ целата здрава социјализација.

Но, како што многумина знаат, во пракса зборот „не“ понекогаш не функционира или еден ден едноставно престанува да функционира. Зошто се случува ова? Кога едно дете постојано слуша „не“ или „не може“, и без понатамошно објаснување, овој збор на забрана ја губи моќта. Што да направите за повторно „не“ да почне да функционира? Размислете дали се работи за љубопитност на детето Понекогаш им кажуваме на децата дека нешто не е дозволено и кога не постои посебна опасност за нив, но едноставно не е пријатно да се види, на пример, како вадат тенџериња од фиока и ги ставаат едно во друго правејќи врева. Во оваа игра, детето нема да биде повредено, а преносот на садови е добро за вежбање на неговата логика и моторика, но едноставно ги иритира неговите родители, па тие ќе викнат побрзо „не го прави тоа“. Во некоја следна ситуација, на детето истото тоа ќе му го дозволат. Ова создава конфузија во малите детски главчиња, па затоа не е изненадување дека „немој“ или „не“ со тек на времето може да ја изгубат моќта. Затоа е добро да се согласиме што е дозволено, а што не е, да се биде доследен и нема да има контрадикторни пораки кои го збунуваат детето и ја намалуваат важноста на зборот „не“.

Бидете свесни дека со постојано „не“ влијаете и на идентитетот и самодовербата на детето Ако на детето често и за се му говориме „Не“ со тоа ја поттикнуваме неговата вродена љубопитност и го ограничуваме во растот и учење и запознавање на светот кој за него е нов и фасцинантен. Впуштањето во секој потфат за детето исто така е прилика за изградба на самодоверба и идентитет. Ако премногу му се кажува „не“ и со тоа да се казнува и критизира, може да се случи детето тие пораки во себе да го интернализира како „ништо не вредам“ или „Не сум доволно добар/ра.“ Дали вашето постојано „не“ е резултат на вашите тензии и стравови? Ако честопати употребувате „не“ во воспитувањето, запрашајте се дали тоа може да биде поради вашите тензии, стравови и тешкотии, иако не постои реална опасност за детето? Дали постои начин да се справите со сопствените стравови за благосостојбата на детето, односно да најдете компромис помеѓу грижата за децата и неговите потреби за истражување, растење и развој преку искуство со околината? Се разбира, ако вашето дете го зема ножот и сака да си игра, ќе го земете тој нож и ќе му објасните дека не си играме со ножеви. Но, ако детето сака, на пример, само да се обидува да намачка паштета на леб а вие се плашите да не платите за тоа, немојте веднаш да кажете „не може“, туку обидете се да го потиснете стравот и да му помогнете на детето да ја надмине оваа вештина со твојата контрола. Кога користите забрана или „не“, објаснете му на детето зошто нешто не е дозволено Најлошо е да се каже „не“ со објаснување – затоа што јас велам така. Воопшто не го учиме на ништо со тоа детето.

Ако му кажеме дека не смее да го влече кучето за опашка, треба да му објасниме дека тоа е затоа што кучето ќе го боли и може да се налути. На овој начин развиваме емпатија со детето, го учиме да биде добро и нежно кон животните, но исто така и претпазливо во нивните постапки кон животното. Само добро објаснување е, на пример, „Не, не сакам да го правиш ова, бидејќи се плашам дека ќе се повредиш“. Кога децата имаат јасна слика зошто не смеат нешто, тогаш сфаќаат дека не им е дозволено да го сторат тоа поради надворешни околности и можни последици, наместо намерно да сакаат да го искористат правото да истражуваат и да бидат љубопитни.

Ако му дадеме објаснување на „не“ детето тогаш го чуваме од непосредна опасност, но исто така користиме интеракција и внимание за понатамошно учење. Ќе има моменти кога детето намерно ќе предизвикува и ќе се обиде да ги премести границите Понекогаш детето ќе ги стави сите твои нерви на тест и намерно ќе те оспори да видиш дали можеш да ја поместиш границата што ја поставуваш за твоја корист. Потоа пробајте го методот „ако-тогаш-затоа“. – Удирањето боли.

Ако продолжиш да го тепаш брат ти, тогаш ќе одиш во собата и нема да гледаш цртани филмови. (Потоа почекајте една минута или две) – Затоа што не престана да го удираш својот брат, сега одиш во собата и повеќе нема да го гледаш цртаниот филм. И држете се до тоа ветување. На тој начин му давате јасна порака на детето за правилата во вашиот дом, што очекувате од нив, и што ќе се случи ако вашите договори не се почитуваат. Ако е можно, обидете се да продолжите со дисциплина со мирна и едукативна позиција, а не фрустрација. Детето треба да се научи на дисциплина и граници, но на мудар начин на кој по „не“, нема да има дополнителни контроверзии и појаснувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.