Дневен хороскоп за 19 март 2023

Овен – Сакате нешто да постигнете? Зборувајте јасно и гласно! Денес Меркур, планетата на комуникацијата, ќе премине во вашиот знак, правејќи ве беспрекорен оратор. Што и да наумите, ќе можете да го постигнете со зборови.
Можно е да добиете порака од ваш додворувач. Некој ќе ви признае дека има романтични чувства кон вас.
Бик – Зборувајте за вашите фантазии, не знаете кога тие ќе бидат сместени во реалноста. Денес комуникативниот Меркур ќе ја посети вашата 12-та куќа, па ќе бидете склони да сонувате со отворени очи. Споделете ги вашите замисли.
Некои бикови ќе откријат тајна на нивна сакана личност. Чувајте ја како да е ваша.




Близнаци – Здраво друштво! Денес комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 11-та куќа на групните активности, правејќи ве пријателот кој сите посакуваат да го имаат. Одлично ќе функционирате во тим и во екипа.
Не ги игнорирајте поканите за пријателство кои ви пристигнуваат на социјалните мрежи. Можно е да се изненадите.
Рак – Подгответе се однапред за претстојната работна недела. Денес итриот Меркур ќе се пресели во вашиот сектор на постигнувањата. Колку поорганизирани ќе бидете, толку поуспешна недела ќе имате.
Важен маж во вашиот живот ќе ви помага при секој тежок чекор што ќе го правите. Таа поддршка многу ќе ви значи.




Лав – Љубовта не познава граници, барем не во претстојниот период. Денес комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 9-та куќа на далечните дестинации, спојувајќи ве со шармантен странец кој брзо ќе ве освои.
Меркур на некои лавови ќе им донесе шанса за основање сопствен бизнис, за остварување на сон или за заминување во странство.
Девица – Денес комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 8-ма куќа на силните чувства и интимноста. Повеќе нема да можете да ги криете вашите романтични чувства и ќе одлучите да му ја признаете вашата љубов на оној што ви се допаѓа. Пријатно ќе се изненадите од реакцијата.
Ако сте веќе во врска, кажете му на партнерот колку многу го сакате.




Вага – Денес партнерот отворено ќе ви каже колку ве посакува, а страста во врската ќе ви се искачи на максимум. Комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 7-ма куќа на љубовта, зближувајќи ве со саканиот. Уживајте во заводливите разговори.
Не сте во врска? Не за долго. Наскоро ќе ја пронајдете вашата сродна душа.
Шкорпија- Поврзете се со личност која отсекогаш ве инспирирала со својот здрав начин на живот. Денес комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 6-та куќа, охрабрувајќи ве да станете верзијата од вас која отсекогаш посакувавте да бидете.
Фокусирајте се на уредување на вашиот живот. Нема добро да се снаоѓате во хаос.




Стрелец- Кралица на зборовите ќе станете денес. Комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 5-та куќа на флертот и гламурот, давајќи ви дар да ја маѓепсувате вашата публика. Кога вие зборувате, светот ќе запира за да ве слуша.
Флертувајте со зборови. Нема да освојувате само со изглед, туку и со интелект.
Јарец – Се соочувате со семеен проблем? Разговарајте за тоа со вашите најмили. Денес комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 4-та куќа на домот, носејќи разбирање во неа. Решенијата ќе бидат полесни отсекогаш за пронаоѓање.
Можно е да имате важен разговор поврзан со имот или фамилијарно наследство. Покажете зрелост.




Водолија – Денес комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 3-та куќа на идеите и локалните случувања. Можно е да започнете да размислувате како да решите голем проблем во вашето место на живеење. Здружете се со истомисленици и ќе бидете непобедливи.
Запомнете дека не го заслужуваат сите вашето време. Понекогаш треба да кажете „Не“ на поканите за средби.
Риби – Научете да штедите. Денес комуникативниот Меркур ќе се пресели во вашата 2-ра куќа, потсетувајќи ве дека треба повеќе да ги цените тешко заработените пари. Можно е да се сретнете со личност која ќе ви помогне успешно да менаџирате со буџетот.
Нова понуда за соработка ќе дојде кога воопшто не ја очекувате. Голема е веројатноста тоа да биде за време на друштвено излегување.