Дневен хороскоп – петок – 9 септември 2022 година

Овен – Во утринските часови, нестандардните методи за решавање на проблемите ќе ви помогнат да најдете излез од тешката ситуација. Можете да најдете дополнителни извори на приход или начин да заработите добри пари. Во попладневните часови треба да ги слушате советите на најблиските.




Бик – Посветете ја вечерта на себе и на саканата личност со која ве очекуваат прекрасни моменти на љубов и топлина. Можен е неочекуван контакт/средба со некој кој некогаш имал важна улога во вашиот љубовен живот.
Близнаци – Без разлика што сте планирале, можеби ќе треба да ги одложите повеќето активности. Сепак, од вас се бара да се прилагодите на новите околности. Ако не сте доволно флексибилни, ќе ви биде тешко.
Рак – Ве мачат променливите расположенија со кои не можете да се справите. Можно е известување на кое целосно сте заборавиле. Ве очекува одлична можност во форма на предлог за соработка.




Лав – Многумина ќе имаат пријатни емоции денес. Можеби ќе добиете нешто што сте престанале да го чекате. Чувствувате потреба да се одморите и да запознаете некои од вашите пријатели. Ќе можете да доживеете многу стимулативни моменти во вашите лични односи.
Девица – Не е се така црно како што сега ви изгледа. На крајот ќе добиете поддршка, која сега воопшто не ја очекувате. Успешни сте и претприемнички, а некои проблеми се чини дека сами се решаваат.
Вага – Денес нема да бидете расположени за работа. Не преоптоварувајте се со нови обврски, туку поминете го денот со минимални работни активности. Попладне ќе ви биде тешко да се фокусирате на вашите задачи, тоа може да ве спречи да ја завршите работата што сте ја започнале.




Скорпија – Со оглед на денешните околности, трудете се колку што е можно повеќе да останете смирени. Исто така, ако сакате да го искажете вашето мислење, направете го тоа на убав начин без да навредите никого.
Стрелец – Денешниот ден е доста поволен и доста ве мотивира. Работите генерално се развиваат на добар начин. Мора да бидете многу внимателни за вашето здравје. Обидете се повеќе да одмарате и да внимавате на начинот на живот што го водите.




Јарец – Свесни сте дека ви претстои напорен период. Полни сте со енергија и волја, а вашата вродена борбеност и оптимизам ќе ве направат уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни од постигнатите резултати.




Водолија – Во петок мора да бидете потрпеливи. Ова не само што ќе помогне да се избегнат конфликти со другите, туку и да се надминат тешкотиите. Бидете особено внимателни со странците, бидејќи се зголемува ризикот да станете жртва на измама. Денеска не треба да потпишувате документи и да се врзувате со обврски.
Риби – Ѕвездите препорачуваат да се одморите од апсолутно сè и да поминете малку време сами. Здравјето на некои може да ја одразува насобраната напнатост. Не трошете ја својата енергија обидувајќи се да им покажете на другите она што не сакаат да го видат.