Дневен хороскоп – сабота – 10 септември 2022 година

Овен – Вниманието го насочувате кон меѓучовечките односи, бидејќи она што ви е важно во наредниот период е хармонијата и рамнотежата со луѓето кои се важни во вашата околина. Тргнете ги завесите настрана и целјте добро да се забавувате со партнерот, уживајќи во секој момент кога страста преовладува.
Бик – Има многу секојдневни обврски кои можат да ве напнат. Но, наоѓате начин да маневрирате. Можете да им верувате на вашите инстинкти бидејќи тие ќе ве водат на најдобар можен начин да ги направите потребните избори што ќе ве доведат до успех.




Близнаци – Треба да бидете внимателни со луѓето од вашиот поширок социјален круг бидејќи може да дојде до тензија поради вашата несигурност. Уживајте во моментите на осаменост. Препуштете се на релаксација, медитација.
Рак – Вашата чувствителност ја зголемува вашата емотивност и може да ги извади на површина несигурностите и стравовите кои не се лесни за управување. Погрижете се да ја пронајдете самоконтролата што ви е потребна за да балансирате и да имате добар ден.




Лав – Пазете се од финансиски договори и можни трошоци кои може да настанат, бидејќи не е лесно рационално да се менаџираат работите. Ограничете ги потребите за задoволство бидејќи тие се она што може скапо да ве чини на крајот.
Девица – Некои непредвидливи настани можат да доведат до непријатни дискусии на работа или меѓу пријателите. Но, Венера ќе се обиде да ве поддржи и да ги избрка денешните напнати моменти. Избегнувајте сомнителни луѓе и обидете се да ги проценувате работите само низ призмата на фактите што ги знаете.




Вага – Имате можност добро да се забавувате со партнерот, се додека не влезете во процес на размена на мислења, што ќе доведе до тензија. Пазете се од погрешниот избор на луѓе кои ветуваат многу, но на крајот веројатно ќе ја изневерат вашата доверба.
Скорпија – Имате можност да уживате во страста и сензуалноста во вашата врска. Сепак, држете се настрана од важни разговори кои ќе доведат до неизвесност и ќе ја разнишаат врската. Доколку сте слободни, можно е да се појави личност од минатото.
Стрелец – Користете зрелост и реален пристап кон работите за да изградите подобра иднина и да ги подобрите вашите меѓучовечки односи. Треба да внимавате на финансиските работи кои можат да ве мачат, бидејќи лесно ќе бидете заведени.




Јарец – Треба да бидете внимателни со големите ветувања кои можеби изгледаат идеални, но поверојатно е дека на крајот ќе ве разочараат. Не дозволувајте ништо да ја наруши мирната атмосфера во семејното огниште. Забавувајте се и оставете ги важните одлуки за подоцна.
Водолија – Избегнувајте да носите обврзувачки одлуки денес и задолжително искористете го денот за добро да размислите како сакате да се движите низ следниот период. Не е поволен ден за изразување на поплаки.
Риби – Месечината сега го преминува вашиот знак и формира полна месечина, што ги зголемува емоциите, чувството на приврзаност, грижата за луѓето што ги сакате, но и интуицијата. Вашиот инстинкт овој ден и деновите што доаѓаат е многу посилен.