Дневен хороскоп – сабота – 29 октомври 2022 година

Овен – Ѕвездите денес ви даваат многу енергија, што позитивно ќе влијае на вашата самодоверба. Постои желба за активно дејствување. Бидете поимагинативни и покреативни за тоа како да го поминете викендот.
Бик – Обидете се денес да се прилагодите и да се вклопите во промените кои настанале сосема неочекувано во вашите планови. Ако сте сами и ви треба друштво со други луѓе – побарајте контакт со пријателите. Не останувајте затворени дома.

Близнаци – Иако си давате слика на безгрижност, добро расположение и веселост во комуникацијата со другите, не е сè така светло. Некаде длабоко во себе сте малку загрижени за некои ситуации, несреќни, но ќе се трудите никој да не го види тоа.
Рак – Понекогаш перфекционизмот прави да изгледате тврдоглаво во очите на луѓето. Промената на пејзажот денес би била исклучително корисна: сè ново ве инспирира и ве привлекува.

Лав – Денес сакате повеќе да уживате во омилените активности, да се опуштите и да поминете мирен ден. Потребен ви е одмор и релаксација, да бидете опкружени со блиски луѓе и да го поминувате времето со лежерно темпо.
Девица – Ви претстои поволен ден, особено ако планирате најголем дел од времето и енергијата да ги посветите на пријатни работи. Доколку имате важни теми за разговор со партнерот, би било добро да ги одложите за друг пат.

Вага – Престанете да размислувате за незавршени работи. Енергијата на овој ден е суптилна и „мека“, што одлично ви одговара. Имате големи планови кои главно се вртат околу поврзувањето со емотивниот партнер или некој за кој се грижите.
Скорпија – Наместо да се жалите, обидете се да ги исправите малите нешта кои не ве задоволуваат и уживајте во добрите. Покажете малку повеќе флексибилност и трпение во комуникацијата. Искористете го денот за излегување и забава, уживање во новите познанства.

Стрелец – Овој ден може да помине во прилично мирна атмосфера. Завршете ги најважните работи, оставете го остатокот за друг ден. Фокусирајте го вашето внимание само на она што може да ве направи среќни.
Јарец – Решени сте да го посветите овој ден на себе и на вашето семејство и завршување на некои мали задолженија што ги имате низ дома. Може да се создаде пријатна атмосфера со некој од вашите пријатели кои можеби ќе застанат да ве видат. Се чувствувате многу подобро отколку во изминатите неколку дена.

Водолија – Транзитната Месечина минува низ полето на вашите пријатели и комуникација, па денес би било вистинско време да им посветите дел од овој ден на луѓето кои се секогаш со вас кога ви се најпотребни.
Риби – Повеќе од сигурно е дека ви треба движење и настани. Искористете го овој ден за да се фатите за некои луѓе кои можеби одамна не сте ги виделе, да се дружите и добро да се забавувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *