Дневен хороскоп – четврток – 13 октомври 2022 година

Овен – Има многу работа денес, но нема да отстапите. Како резултат на тоа може да добиете главоболка, но сепак ќе можете да ги надминете тешкотиите. На секој шеф му треба работна сила и вработен како вас.
Бик – Претходниот ден беше тежок, но денес се е многу полесно и весело. Работите побрзо и поефикасно, не мора ни да барате помош. Се вртите и се што сте планирале за денес е завршено. Лесно ќе комуницирате со сите.

Близнаци – Денот може да ви започне тежок, но нема да биде така цел ден. Веројатно на настаните ќе реагирате малку почувствително од вообичаено. Нечија намера е да ве оттргне од вашите планови и цели. Можноста што ќе ви ја понудат е одлична, но има премногу замки и трикови.
Рак – Можеби имате некои сомнежи за нешто или некого. Не брзајте со осудувањето, прво информирајте се и проверете ги работите. Можеби нема воопшто проблем, можеби е само недоразбирање, чисто и едноставно.

Лав – Денеска ќе се чувствувате многу подобро од вчера. Наскоро ќе затропа можност, не чекајте со затворена врата, подгответе се! Вечерта по желба може да заврши романтично или во пријателска атмосфера.
Девица – Денот ќе ви започне во вистинска насока од утрото. Ќе се чувствувате како да ви се дава втора шанса. Сега се чини дека сите ваши планови и цели почнуваат да се остваруваат, намалете ги пречките пред вас. Ќе имате причини да бидете среќни.

Вага – Комуникацијата со другите може да ве исцрпи, а многуте различни емоции ќе ве изморат. Крајот на денот ќе биде многу попријатен и помирен. Посветете се еден на друг со партнерот и пронајдете катче за себе каде што ќе можете да се препуштите на задоволството и страстите.
Скорпија – Денот нуди различни можности. Можеби ќе најдете лесен начин да решите проблем кој ве мачи долго време. Многумина ќе одлучат да пробаат нешто што не си дозволиле досега

Стрелец – Се што се случува воопшто не е случајно. Вашата интуиција е силна, почнувате да го разбирате скриеното значење на појавите. Ѕвездите советуваат да не се обидувате да ги поттикнувате работите, оставете сè на природниот тек на настаните.
Јарец – Гледате повеќе напред, што е добар знак затоа што конечно ќе можете да ја затворите страницата од минатото или да завршите некоја задача која досега не сте ја завршиле. Правите голем чекор напред во својата иднина, што секако не значи дека се ќе се случи во еден удар.

Водолија – Веројатно ќе излезете со нови и иновативни предлози за дадена задача, проект или решение за некој проблем. Романтична средба или средба со пријателите ќе ве задоволи. Можно е да добиете неочекуван подарок, пријатно изненадување и знак на внимание кон вас.
Риби – Ѕвездите советуваат објективно да ги процените можните ризици и да се откажете од очигледно нереалните проекти. Ќе најдете решенија за некои проблеми и тоа ќе ви даде чувство на задоволство и олеснување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *