Домашен рецепт за брзо и миризливо чистење теписи

Нема потреба да трошите пари на услуги за теписи или да се борите со повеќечасовно чистење.

Речиси секоја домаќинка сака нејзиниот дом да биде совршено уреден и чист. Меѓутоа, чистењето на одредени предмети, како теписите, бара многу време и енергија.
Кога времето е убаво, домаќинките сѐ повеќе размислуваат за темелно перење на теписите.
Секако, секогаш ја имате опцијата да ги однесете вашите теписи на сервис на теписи, но таа опција не е единствена – можете и сами да го исперете тепихот без да купувате средства за чистење и на тој начин да заштедите на домашниот буџет.

Средството, кое го бие добар глас кога станува збор за чистење теписи, е она со сода бикарбона и оцет.
Сè што ви треба за домашно средство за чистење теписи се следниве состојки:

100 gr сода бикарбона
10 капки есенцијално масло (вкус по ваш избор)
2 dl оцет
1 dl вода
Измешајте ги содата бикарбона и есенцијалното масло и оставете да отстојат преку ноќ. Пред да се подготвите за чистење потребно е да ја поминете целата површина на тепихот со правосмукалка.

Измешајте оцет и вода, а потоа истурете во шише со распрскувач. Кога ќе исчистите со правосмукалка, посипете сода бикарбона на тепихот, а потоа попрскајте со мешавината од вода и оцет и добро истријте со четка.
Оставете да отстои најмалку половина час, па повторно повторно поминете го тепихот со правосмукалка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *