Домашна пита со спанаќ

Состојки
10гр свеж квасец, 1/4коцка
100мл топло млеко
100мл вода




3лажици масло
1/2,јајце
1/4лажиче шеќер
1/2лажиче сол
Максимум 400гр брашно




1 полна лажица растопена свинска маст
Полнење
250-300гр младо сирење
1или2 јајца
400гр исчистен спанаќ , без дршки
Сол, бибер
За премачкување




1/2 јајце, сусам, чурек
Домашна, вкусна пита, која ќе го соберe семејството на појадок, е мојот денешен предлог.
Подготовка:
1. Во млако млеко ставаме квасец, шеќер, лажиче брашно. Промешуваме. Оставаме само 5 минути на страна.
2. Потоа во вангличка се ставаат квасецот, сол, масло, јајце, пециво и вода. Се промешува. Постепено се додава брашно и се замесува меко тесто.




3. Не се чека да стаса, туку се дели на 8 топчиња. Ги сучиме во мали коричиња. Редиме на 2 места по 4 корички. При тоа 6 ги премачкуваме со растопена свинска маст со четче. Значи најгорните не ги премачкуваме. Оставаме да одморат 6,7 минути, односно додека го спремаме полнењето.
4. Во зовриена вода го ставаме исчистениот спанаќ да се бланшира, околу 10 секунди. Го оставаме во цедалка да се исцеди и излади.




5. Во сад ги соединуваме зачините, младото сирење, јајцата и добро исцедениот спанаќ. Соединуваме.
Сега од првото купче сучиме округла кора, која ја ставаме во округла тава за пица. Ја правиме малку поголема, бидејќи ќе ни треба за формирање на витка. Многу малку попрскуваме со остатокот на растопената свинска маст. Го нанесуваме филот.
6. Од второто купче сучиме кора. Ја поставуваме врз филот. Со првата кора правиме витка. Премачкуваме со половината јајце, нанесуваме сусам. И чурек.
7. Сега уклучуваме рерна и ја ставаме по 10 минути питата да се пече додека зарумени. Сервираме со чаша јогурт.
На здравје празничниот појадок