Домашни лекови од нашите баби што прават чуда за организмот

Факт е дека нашите баби пораснале со многу помалку лекови и лекарски посети за разлика од нас. Но и покрај ова, нивното здравје било во одлична форма.
Најверојатно, нивната тајна се природните лекови и состојки, кои навистина можат да направат чуда за вашиот организам.

Па, сега кога започна сезоната на грип и настинки, добро би било да знаете за овие домашни лекови:
Солена вода против болки во грлото
Доколку имате бактериско воспаление на грлото, тогаш овој лек нема да ви помогне.

Но, ако проблемот е само болката во грлото, тогаш солената вода може да направи чуда.
Сѐ што треба да направите е да растворите лажица сол во 200 милилитри млака вода. Исплакнете го грлото секогаш кога можете, само немојте да го голтате растворот.
Ѓумбир против мачнина
Веќе сите знаат за чудотворно дејство на ѓумбирот врз здравјето, а нашите баби најчесто го користеле против мачнина.

Само една шолја чај од ѓумбир ќе ви го смири желудникот и ќе ја ублажи мачнината која се појавува во текот на бременоста или за време на возењe.
Суви сливи против констипација
Сувите сливи имаат состојки што ја поттикнуваат работата на цревата и помагаат при констипација.

Но, важно е да ги следите правилата за подготовка и дозирање:
– Ставете 5-10 суви сливи во вода и оставете ги да омекнат преку ноќ.

– Следното утро изедете ги.
– Можете да ја испиете и водата во која стоеле сливите.
Лаванда против несоница
Бабите имаат лек и за несоницата, а дејството на лавандата е потврдено и од науката.
Оваа билка го намалува крвниот притисок, а со тоа го забавува чукањето на срцето. Ова, пак, ќе ви помогне да се релаксирате и да спиете подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published.