Домашни равиоли со мелено месо и куркума

За равиоли:
3 јајца
300 гр. Брашно (плус за месење)
1 лажичка сол
1 лажичка куркума

За полнење:
400 гр. Мелено телешко (90% чисто)
1 главица кромид
4 чешниња лук
1 лажичка куркума
Половина лажичка цимет
2 стебленца нане
2 лажици Доматна паста
Сол и бибер

За почеток подгответе го филот од месото. Најситно исечкајте ги кромидот и лукот и продинстајте ги на маслиново јас готвам во цептер и не ставам масло но доколку немате тогаш маслото е задолжително. Додадете го месото и динстувајте го мешајќи од време на време. Потоа додадете ги ливчињата од стебленцата нане, ситно исечкани и додадете ги сите зачини. Динстувајте уште 10 минути, потоа додадете ја доматната паста и динстувајте уште 20 минути. Мешајте повремено. На крај пробајте дали треба да додадете сол или бибер и оставете го на собна температура.

За тестото добро би било да имате подлабок сад во којшто ќе го просеете брашното. Потоа во средина направете вдлабнатина и додадете ги солта,јајцата и куркумата. Измешајте се со виљушка а на крај истурете го тестото на набрашнета штица и месете да добиете тврдо тесто. Потоа замотајте го во фолија и ставете го во фрижидер околу половина час. Откако ќе се излади поделете го на 3 дела и поминете го на машина за паста или со сукало. Треба да добиете ленти тенки како лист.

Оставете ги 5 минути да се засушат и за тоа време ставете сад со вода и малку сол да зоврие, а потоа исечете ги на правоаголници. Затоа и го користам овој чаршаф полесно ми е да ги направам идентични 🙂 . Ставајте по една мала не преполна лажица фил, краевите намачкајте ги со изматено јајце и затворете. Може да ги лепите со прсти или со виљушка.

Откако ќе завршите со полнењето пропуштете ги равиолите во водата што врие. Кога ќе испливаат на површина извадете ги од водата и ставете ги во тавче во кое прво ќе ставите 2 лажици путер и малку куркума. Кога ќе се растопи путерот и загрее додадете ги равиолите. Доволно им е 1 минутка и спремни се за сервирање со неколку ливчиња свежо нане и босилок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *