Еве зошто се смета дека осветената вода е толку моќна

Која е тајната на светената вода што со векови се користи во христијанството. Божјата молитва и светиот крст на два важни датуми за големото осветување на Крстовден и на Богојавление ја прават водата света, Христијаните-верници ја користат во сите најважни , највесели и најтешки моменти од животот, кога бараат здравје, исцелување, помош.
Светата вода на грчки Агијазма, значи светиња, нешто што е исполнето со благодет божја. Главната намена на водата е да ја изгаси жедта, да ни даде живот, а светената вода ја гасне духовната жед. Според црковните кажувања, преку светата вода го примаме и светиот дух.

Во молитвата кога се осветува водата свештеникот меѓу другото, ги кажува зборовите ,,Господи направи водата со силата, дејството и благодетта на Пресветиот дух на сите твои раби кои со верба ја пијат, се прскаат, направи да им се простат гревовите, да се ослободат од страстите, да се избават од секое зло, да ги множат врлините,, да ги исцелат болестите, да го осветат и благословат домот, и секое место, да ги оттргнат сите штетни и погубни испарувања и да ја стекнат благодатта твоја. “

На Водици во православието се осветуваат сите води и се верува дека навистина таа вода крстена тој ден не се расипува, помага, има голема моќ и значајна е за секој христијански дом. Богојавленската вода е потврда на Христијанската вера откако Св Јован го крстел Исуса Христа во реката Јордан. Денеска се крсти вода во сите православни храмови и секој зема за дома, кој верува дека таа е чудотворна. Луѓето буквално ја користат за избавување од секаква неволја, кога сметаат дека ништо друго не може да им помогне.

Според црковните верувања, само овј ден на Богојавление, може да се прска цела куќа со водата и сите предмети, но во другите денови од неа треба само да се пие , не да се прска, и да не падне на земја. Водата може да се чува со години велат дека не се расипува. Но и во случај ако се расипе, треба да се истури само во цвеќе или во река.

Зошто се смета дека осветената вода е толку моќна? Бидејќи е материја со која се мие се, а светената вода ја мие и нечистата совест и душата, нематеријалното, невидливото.

Крстената или осветената вода се користи за многу црковни обреди, а може да се свети и за домашните слави, за осветување на храмови, институции… Според древните записи порано немало одредени правила како и кога да се осветува водата, но во сите случаи молитвата била главна.

За значењето на водат за симболиката и божествената благодет што ја има осветената вода пишувл и Св. Кирил Ерусалимски.Тој вели: ,, Ако некој сака да дознае зошто баш преку водата се дава благодет, а не преку други елементи, нека го земе светото писмо и се ќе му биде јасно. Водата е нешто извонредно големо и најдобро меѓу 4-те елементи на светот. Водата е почеток на светот, а почетокот на Евангелието е Јордан, Израил се ослободил од фараоните преку морето, а ослободувањето од гревовите се дава преку крштевањето во водата со Божји зборови.“

Тајната на осветената вода е предизвик и за научниците . Истражувањата кои се спроведени во руската лабораторија за медицинско биолошки технологии НИИ за индустриска и морска медицина во Москва докажале дека прекрстувањето со три прста и молитвата ја менуваат структурата и особините на водата. Физичарката ос Санктпетербург -Ангелина Махаловска ова го истражувала 10 години.Тимот работел бесплатно само да ја докажат моќта на светат вода. Земале примероци води од разни реки, езера, базени. Сите содржеле златна стафилокока и уште една бактерија. По прочитаната молитва Оче наш и осветување со крст , тоа количество бактерии се намалувало за 7, 10, 100 па и до 1000 пати. Открила дека водата по осветувањето има единствена структура и исти бактериолошки својства.

Божјите зборови ја преобразуваат водата ја зголемуваат нејзината оптичка густина.

Молитвата ја читале и верници и неверници, а преобразбата на водата по молитвата била обавезна, но со различен степен, во зависност од свеста и намерата на тие луѓе. Дури и крвната слика на тие луѓе им се поправала им се намалувал притисокот. Сите експерименти биле потврдени по неколку пати пред да бидат објавени. Физичарката Ангелина Махаловска напишала и книга „Тајната на светата вода“ која дел од стручната јавност ја гледа со двојба. Иако никој не може целосно да ја сфати тајната на светата вода, барем така може да се протолкуваат некои исцелителни чуда, бидејќи ние сме 70 до 80% вода и кога во секоја наша клетка ќе навлезе информација за здравје и спасение, организмот се обновува, а телото се окрепнува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *