Еве кои се придобивките од конзумирање на греаното вино

Црвеното вино варено со ароматични зачини и мед е вкусно и лековито. Богатството од витамин Ц го прави мелем за зајакнување на имунитетот, а состојките кои се додаваат го подобруваат антивирусното делување.




Ако ве фатила настинка или само сакате да се загреете во поладните денови, сварете чаша црвено вино со ароматични зачини и мед, бидејќи не само што е вкусно, туку и лековито. Богатството од витамин Ц го прави мелем за зајакнување на имунитетот, а состојките кои се додаваат го подобруваат антивирусното делување.




Подготовката е многу едноставна. Загрејте чаша видно, а потоа додадете чаша вода, лажица мед, малку бибер, четири парчиња каранфилче, цимет, прстофат мускатно оревче и кора од портокал.




Сето тоа сварете го на блага температува и кога ќе се загрее, а пред да зоврие, тргнете го од огнот. Можете да додадете и ѓумбир и лимон, кои исто така се богати со витамин Ц и на напитокот му даваат уште подобар вкус.




Испијте го виното додека е топло, а бидејќи после овој „еликсир“ сигурно малку ќе се препотите, излегувањата одложете ги за подобри денови.