ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДЕТЕТО КОГА ЌЕ КРЕНЕТЕ РАКА ВРЗ НЕГО: Внимателно прочитајте го ова

Рускиот психолог со 30-годишна пракса, Михаил Лабковски, упати апел до сите родители: „Тепање дете значи кршење на неговата верба во животот!“




Пријатели, сакав да ви кажам зошто не треба да ги тепате децата (ако поради некоја причина тоа не ви е очигледно).
Кога сме во стресна состојба, на пример, закана ни „виси над глава“, ни се потсмеваат или ни предизвикуваат физичка болка – во крвта се ослободува група на таканаречени глукокортикоидни хормони. Тоа се „хормоните на стрес“ кои се одговорни за одговорот „бори се или бегај“ на напад.
Овој процес е доста сложен и влијае на телото долго време. Ова е причината зошто овие хормони не се ослободуваат во крвта кај децата во присуство на нивните родители. Така, природата го штити телото на детето во развој од дополнителен стрес.




Ако самиот родител стане извор на стрес, тогаш детето нема да го сфати тоа насилство како опасност. Со други зборови, нема стрес, тоа му е „нормално“, се е во ред, ТАКА МОРА ДА БИДЕ затоа што доаѓа од неговите родители.
Што мислите, каква личност ќе порасне вашето дете кое уште од мали нозе верува дека насилството и агресијата се нормална состојба и однесување?
И што ќе се случи ако детето дојде во контакт со реална закана од возрасен?




Ќе ти одговорам од психолошки, а не од физиолошки аспект.
Постојат две сценарија: детето ќе стане агресор или жртва.
Да се тепа дете значи да се скрши неговата верба во животот.




Ве молиме најдете сила во себе и сфатете колку е погрешно да тепате деца! Можно е и вие самите да сте биле тепани како дете и веројатно уште се сеќавате на тие тепања како најболното нешто што ви се случило додека растевте.
Пријатели, ова е многу сериозна и многу важна тема. Искрено се надевам дека ќе разберете за што зборувам, вели познатиот психолог.