Еден од најважните витамини за организмот, а вегетаријанците не го „поднесуваат“: Симптоми дека го немате во доволни количини и во кои намирници најмногу го има

Витаминот Б12 најчесто го внесуваме од производите од животинско потекло, како што се месото, млекото и јајцата. Но, вештачки се додава и во другите производи. Како што покажуваат неодамнешни истражувања, оваа компонента е многу важна за нормалното функционирање на телото, а дури има и важно влијание на развојот на фетусот во текот на бременоста.
Недостатокот на витаминот кај жените во текот на периодот на бременост создава потенцијална закана на детето во иднина: дијабетес тип 2 и други метаболистички нарушувања.




Како да откриете дали на телото му недостасува витамин Б12?
Симптомите за недостаток на овој витамин се: оштетување на меморијата, отежнато дишење, жолтило на кожата, лоша циркулација и промена на расположението.




Симптомите не се критични, па ретко обрнуваме внимание на истите, но недостатокот на овој витамин доведува до развој на анемија, а влијае и на општата емоционална состојба. Витаминот Б12 е клучен за метаболистичките процеси, хематопоезата и поддржува многу други функции.




Како витаминот Б12 му помага на телото?
– Ја стабилизира надбубрежната жлезда;
– Ги активира метаболистичките процеси;
– Ја поттикнува апсорпцијата на железо;
– Го поддржува функционирањето на нервниот систем;
– Го зголемува бројот на црвените крвни зрнца;
– Помага во подобрување на циркулацијата на крвта.




Научниците дошле до заклучок дека недостатокот на Б12 витаминот во телото на мајките во текот на бременоста доведува до погрешно формирање на механизмите за произведување лептин кај децата. Во поглед на општите показатели, недостатокот на витамин Б12 е изразен во прекумерната тежина кај мајките, а напротив – децата се раѓаат со помала тежина.
Лептинот се нарекува и хормон на ситост кој ни помага да сфатиме дека сме сити. Зголеменото ниво на овој хормон доведува до факт што личност постојано чувствува глад, а тоа доведува до нарушување на телесната тежина.




Недостатокот на витаминот Б12 влијае на произведувањето на серотонинот и допаминот, така што личноста може да искуси и депресија и анксиозност.
Намирници кои содржат витамин Б12
Природни извори се намирниците од животинско потекло – џигер, бубрези, млеко, месо, јајца, сирење, риби и школки.