Ефектите од аерозагадувањето и совети за детоксикација на организмот

Според шокантните податоци на СЗО, 99% од светската популација дише загаден воздух. Токсините во воздухот можат да доведат до сериозни здравствени проблеми кои ќе влијаат врз кардиоваскуларниот систем и когнитивната функција.
Вистината е дека денес сме изложени на многу отрови на кои нашето тело не секогаш може да се спротивстави. Покрај аерозагадувањето, ние се соочуваме и со многубројните токсини кои доаѓаат од разноразни хемикалии, пестициди, бои, пластики и тешки метали за кои е неопходно насочено филтрирање.

Нашите шест органи за елиминација на отровите – црниот дроб, белите дробови, кожата, гастроинтестиналниот тракт, лимфата и бубрезите не можат да функционираат нормално кога се справуваат со огромна количина на отрови.
Кога станува збор за аерозагадувањето, еве кои органи најмногу страдаат:

Бели дробови
Квалитетот на воздухот особено влијае врз белите дробови бидејќи тие деноноќно работат за да го филтрираат воздухот што го дишеме. Лицата со нарушен имунитет, постарите лица и децата имаат поголем ризик за заболување на белите дробови како резултат на аерозагадувањето.

Црн дроб
Честопати црниот дроб се смета за главниот орган за детоксикација на телото со оглед на тоа дека се справува со најголем дел од отровите во организмот. Истражување покажало дека одредени честички во воздухот (емисиите на јаглероден диоксид кои се јавуваат како резултат на нецелосното согорување на фосилните горива и честичките од издувните гасови од возилата) можат да мигрираат од белите дробови во црниот дроб. Со текот на времето овие честички можат да доведат до сериозно оштетување на црниот дроб.

Гастроинтестинален тракт
Истражувањата покажале дека аерозагадувањето има силен ефект врз здравјето на цревната микробиота и ги остава липидите (особено полинезаситените масни киселини) ранливи на напади од слободните радикали. Оттука, може да се заклучи дека аерозагадувањето не само што го нарушува системот за детоксикација туку влијае и врз целокупното здравје со оглед на тоа дека здравото црево ја поддржува менталната благосостојба и го одржува имунитетот.

Како да го одржуваме системот за детоксикација во функција?
Иако не можеме да го решиме проблемот со распространетото загадување, еве на кој начин можеме му помогнеме на нашето тело да ги филтрира и отстрани несаканите токсини.

1. Јадете храна богата со антиоксиданси која ќе ги спречи слободните радикали.

2. Нека вашата исхрана биде богата со растителни влакна кои поволно влијаат врз работата на дебелото црево.

3. Внесувајте доволно течности во текот на денот за бубрезите да можат да ги елиминираат токсините преку урината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *