Ефтина пица – се подготвува од бајат леб

Состојки:




1 ладен леб,
4 јајца,
400 мл јогурт,
100 мл зејтин,
пециво




Предлог состојки за фил:
Сирење, кашкавал, шунка, маслинки




Подготовка:
Во длабок сад се мешаат, јогуртот, пецивото и маслото. Потоа се додава лебот исечкан на коцки. Се меша за да се соединат сите состојки. Во смесата се додаваат состојките за фил. Се заедно се промешува и се распоредува во предходно намастен плех за печење.




Врз пицата се додава кечап и оригано. Се пече 15 тина минути на 200 степени во предходно загреана рерна.