Жената лесно не се откажува од мажот- кои се нејзините 5 фази на разочарување?

Жената кога сака- сака до крај. Тука нема љубов на пола или љубов на кратко. Или сакаат или не сакаат. Жените никогаш не се откажуваат од мажите туку така. Тие ќе дадат безброј шанси за да успее нивната врска или да се вратат работите на старо како во времето кога беа среќни. Пред да кренат раце од своите мажи тие поминуваат низ неколку фази:




1. Фаза на мижење. Во оваа фаза таа е вљубена до уши и кога ќе забележи некои црвени сигнали, таа едноставно ќе замижи. Кога на својот партнер ќе ја забележи особината, навиката или било што друго што не и’ се допаѓа- таа мижи тоа да не го гледа и не му дава големо значење. Во оваа фаза таа само сака да ги почувствува пеперутките во стомакот и да ужива.




2. Фаза на преиспитување. Во оваа фаза жената сепак почнува да ги забележува сите мани на нејзиниот партнер. Почнува да се преиспитува дали е тоа всушност она што таа сака? Дали е тоа вистинска личност за неа? Нејзината глава станува преоптеретена со сите тие прашања.




3. Фаза на негодување. Сега почнува фаза во која жената размислува во тој правец дека можеби подобар партнер нема да запознае. Некој можеби ја советувал дека треба да го чува својот партнер таков каков што е. И таа почнува да верува. Сфаќа дека не е среќна покрај него, но сепак почнува да верува дека врската треба таква да биде.




4. Фаза на реализација. Во оваа фаза жената сепак почна да сфаќа дека работите нема да се сменат. Сега е свесна дека нејзината врска во потполност е промашување и дека нејзиниот партнер нема да ги промени работите кои и’ сметаат. Тогаш почнува фазата на расплет.




5. Фаза на расплет. Жената го соочува својот партнер со сите факти и чувства кои ја мачат. Во оваа фаза уште не е се’ готово. Жената му дава последна шанса на партнерот за промена и се’ зависи од тоа како тој се однесува кон неа. Ако се однесува незаинтересирано, дрско или безобразно – тоа е моментот кога таа ќе одлучи да замине.