Закиселени гамби

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ




1 кг. мали гамби
10-12 чешниња лук
4 лажици шеќер




500 мл. алкохолен оцет
250 мл. вода
2 лажички крупна сол
бибер во зрна
ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ




Во длабок сад на оган ставете ги водата, оцедот, шеќерот и солта да провријат. Тргнете го садот од оган и оставете течноста да се излади. Во меѓувреме измијте ги пиперките, исечете им ги дршките и наредете ги во тегли.




Во секоја тегла ставете по неколку зрна бибер и 2-3 чешниња лук. На крајот наполнете ги теглите со изладената течност од оцет и вода.




Затворете ги теглите и ставете ги во ладилник да отстојат 24 часа пред да уживате во вкусот на свежо закиселените пиперки.