Запечена боранија во кремаст сос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
500 гр. свежа или замрзната боранија
2 главици црвен кромид
5-6 чешниња лук
50 гр. путер
100 мл. ладно млеко

300 мл. бујон од зеленчук
2 лажици соја сос
2 лажици нишесте
100 мл. масло за јадење
½ лажичка кумин
сол
бибер

Во тенџере на оган ставете поголема количина на вода да зоврие. За тоа време исечкајте ги главиците кромид така што едната ќе ја исечкате на ситни коцки а другата на тенки полумесечини. Во зовриената вода ставете ја боранијата да се вари 10 минути а потоа исцедете ја па исплакнете ја со ладна вода. Оставете ја во цедалка убаво да се исцеди. На загреано масло на висока температура, пржете го кромидот исечкан на полумесечини со постојано мешање додека убаво се карамелизира па извадете го на кујнска хартија за да ја отстраните вишокот на маснотија.

Во садот во кој ќе ја печете боранијата, растопете го путерот на средна температура и на него пржете го ситно исечканиот кромид додека малку омекне. Потоа додадете го и лукот кој можете ситно да го исечкате или да го поминете низ преса за лук. Посолете, побиберете, зачинете со кумин, промешајте и пржете уште една минута.

Во кромидот налејте го бујонот и додадете соја сос. ( Бујонот можете да го замените со коцка за супа растворена во 300 мл. зовриена вода.) Нишестето растворете го во млекото па и него додадете го во кромидот притоа непрекинато мешајќи со рачна маталка. Оставете содржината во садот да се крчка додека малку се згусне, па додадете ја боранијата. Посолете по вкус и добро промешајте. Тргнете го садот од оган. Врз површината на боранијата распоредете го карамелизираниот кромид. Покријте го садот со алуминиумска фолија и ставете ја боранијата да се пече во претходно загреана рерна на 190°C околу 15 минути, па отсранете ја фолијата и печете уште 10 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *