За што сè може да ви помогне сенфот?

Повеќето од вас чувствуваат болки во зглобовите, во рамената, колената, вратот. Овие болки може да бидат резултат на стрес, трауми, артритис, реума, но има природен маст од руската народна медицина кој може да ви помогне и да ви ја олесни болката.

Овој рецепт е едноставен за подготовка, а сите состојки веќе ги имате во кујната.
Потребни состојки:
1 лажица мед
1 лажица лут сенф

1 лажица сол
1 лажица вода
Начин на подготовка: промешајте ги сите состојки. Ставете ги во празна кутија од крема или во друга амбалажа.

Болното место намачкајте го и ставете ќеса, па заврзете со шал. Оставете да остане 1,5-2 часа. Најдобро е да го правите ова пред спиење за да може да спиете мирно. Измијте го местото наутро.
Не ограничувајте се со еден третман, повторете го 4-5 пати. Ќе почувствувате подобрување веќе по првиот третман.

Сенфот се прави од синап и е многу вкусен. Покрај тоа што се користи во медицината, може да го користите и за други работи:
Кога ќе се изгорите, нанесете подебел слој и болката ќе исчезне
Ако ве заболи главата, намачкајте го челото и слепоочницата
Кога ќе настинете и ве гребе грлото измете лажица сенф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *